Изутринава во два кампа на емигранти, кои живеат во близина на станицата Аустерлиц и на градското собрание на осумнаесеттиот арондисман во Париз беа евакуирани. Таму во тешки санитарни услови живеаа околу 500 лица, јави дописникот на МИА од Париз.
Двата кампа во услови недостојни за живот беа окупирани од страна на повеќе од 500 имигранти, вклучувајќи збир месеци во близина на железничката станица Аустерлиц, на бреговите на Сена, нивната евакуација беше спроведена мирно. Операциите почна во 6.00. Операцијата е водена од страна на социјалните работници на градот Париз и од невладини организации, под надзор и присуство на полицијата и голем број на новинари. На местото на евакуацијата има присуство и на преведувачи.
Овие евакуации се случија по дебатата во францускиот парламент за прием на бегалци, свикана по одлуката на Франсоа Оланд да се ублажи бранот на бегалци со кои се соочува Германија.
Судот даде зелено светло во петокот за да се евакуираат камповите од Аустерлиц, каде што неодамна се собраа околу 200 шатори околу мостот Шарл де Гол и до Градот на модата и дизајнот. Градоначалничката на Париз, Ан Хидалго (ПС), тврди дека е обезбедено сместување за сите жители на дивиот камп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.