Јапонија реши да затвори голем дел од факултетите за општествени науки, со цел високото образование во земјата подобро да ги покријат „подрачјата што подобро му служат на општеството“. Од 60 државни факултети што нудат предавања од подрачјето на општествените науки, по налог на јапонската Влада дури 26 ќе бидат затворени или ќе го намалат бројот на студиите. Министерот за образование Хакубан Шимомура испратил соопштение до сите јапонски универзитети наложувајќи им да укинат повеќе општествени предмети или да ги прилагодат за подобро да му служат на јавниот интерес.
Најпрестижните факултети во Токио и во Кјото одбиле да ја спроведат наредбата на Владата, сметајќи дека е насочена против интелекуалците. А 17 факултети покажале слух за чекорот на Владата и повеќе нема да примаат студенти заинтересирани за општествените науки, вклучувајќи ги и правото и економијата. Во Јапонија доминантното мислење е дека одлуката на премиерот Шинзо Абе цели кон промовирање на стручно образование за младите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


