Оливер Димитровски од агенцијата „Њувеј“ вели оти се зависи од квантитетот и квалитетот на одземениот имот што ќе се понуди.
– Во минатото некои менаџери носеа одлуки спротивни на интересот на банките. Правејќи му услуги на некој близок, недвижностите што не се доволно атрактивни ги преценуваа. Поради тоа, кредитите што му ги даваат под хипотека на некое несолвентно лице или фирма, за таков преценет имот, тешко се враќаат. Ваквиот одземен имот кога се продава не може да има негативен импакт на пазарот, но тоа не се однесува на аткрактивниот имот, чија продажба може да ја турне цената на недвижностите. Kога вредноста на обезбедувањето при давањето на кредитот е проценета во однос 1 наспрема 1,3, тоа е можно – вели Димитровски.
Тој смета дека НБМ треба да размисли и за измени во Законот за финансиското работење на банките со кои би им се дозволило тие да можат да го издаваат одземениот имот пред да го продадат.
– Многу е поатрактивно да се продаде имот ако тој е претходно издаван – истакнува Димитровскиза весникот.
Претседателот на градежна комора при Сојуз на стопански комори, Сеад Kочан, вели оти ваквата одлука на НБМ ќе има двократно дејство: од една страна, ќе се раздвижи пазарот бидејќи банките ќе мора да продаваат, а, од друга страна, понатаму подобро ќе размислуваат кого финансираат.
– Банките ќе бидат попретпазливи и нема да дозволат да дојде до заплена на имот. Може да има влијание и врз продажбата и врз цената бидејќи се работи за голем број недвижен имот кој е одземен – вели Kочан.
Некои од сопствениците на агенции за недвижности се сосема сигурни дека ваквата одлука на Народната банка ќе ги турне цените на становите. Слободан Митровски од агенцијата „Асторија“ вели дека ќе има влијание врз цената бидејќи секогаш кога е временски условена продажбата, цената не може да се одржи високо.
– Ако таков тип недвижности излезе масовно на пазарот по пониска цена од утврдената, апсолутно ќе влијае врз цената. Тогаш сите ќе ги бркаме тие станови. Се знае дека ќе се игра со цените. Можеби не многу и долготрајно, но ќе се почувствува со сигурност – посочува Митровски.
НБМ во четвртокот ја донесе одлуката со која им се наложува на банките што побргу да го продадат одземениот имот преку активирани хипотеки бидејќи тој ќе губи по 20 проценти од вредноста годишно. Одлуката предвидува ако по пет години од одземањето не се продаде, нема да се книжи ниту денар.
Според гувернерот на НБМ, Димитар Богов, овие непаричени средства, високи колку и пазарната вредност на имотот, банките веќе не ќе можат да ги прикажуваат како профит, односно дека е крајно време да се види колку од банките во државата покажуваат реално остварен профит заснован врз добро работење, а колку од нив својот профит го темелат врз тоа што во својата добивка го пресметуваат и одземениот имот, кој најчесто е преценет и кој потоа со години не можат да го продадат.
Банките се резервирани во коментарите за одлуката. Сепак, не очекуваат забрзување на продажбата бидејќи, како што велат, проблемот не е дека тие не сакаат да продадат, туку нема платежноспособни купувачи, објави Дневник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Цените на становите нема да се зголемат, ама нема ни да се намалат
-
Сугарески: Следниот месец оглас за распределба на 79 социјални станови
-
Македонците навалија во Пирин: Станови во Банско се купуваат за 10.000 евра!
-
Додека цената на становите во земјава паѓа, цената на становите во Центар во Скопје бележи пораст