Австрија од полноќ, поради бегалската криза, воведе гранични контроли. Тежиште на контролите се истокот и југот на земјата, а соодветна уредба владата донесе во согласност со шенгенските правила кои дозволуваат времено воведување гранични контроли. Контролите се воведени на унгарската, италијанската и словенечката, како и на словачката граница. Интензитетот на контролите, како што истакнува австриското МВР, ќе се ограничи на „потребната мерка за обезбедување сигурност“.
Граничните контроли беа потребни поради масовниот бран припадници на трети држави, за да се спречи загрозување на јавниот ред и внатрешната безбедност. На полицијата во контролите ќе ѝ помага и војската. Министерката за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер објасни дека контролите се важен сигнал во светот дека е невозможно да се има неограничен емигрантски бран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
Повреден пешак и санкционирани голем број на возачи