| четврток, 6 декември 2018 |

„Пријател“ на Гуру Харе доби видеозапис

guru hare
„Пријател“ на Гуру Харе доби видеозапис. Се работи за сингл во кој на удиралки се најде Оскар Салас, кубански перкусионист, кој, за жал, не стигна да ја слушне песната зад која стојат тој и Игор Атанасовски-Харе. Салас почина на 8 септември годинава во САД, а последните години од животот ги помина во Македонија ескпериметирајќи со комбинации на специфичностите на кубанскиот и на македонскиот ритам.

Но неговото заедничко дело со Гуру Харе, кое беше пуштено во етер во октомври минатата година, сега доби и видеозапис. Како режисер на спотот се потпишува Александар Даутовски – Максо, монтажата е на Александар Јанковиќ – Фриц, а во видеозаписот учествуваат Иво Блузмен и Сања Данчевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top