| четврток, 6 декември 2018 |

МВР троши дополнителни 800 илјади евра месечно поради бегалската криза

Вкупно 800 илјади евра месечно троши Министерството за внатрешни работи како дополнителна сума откако во земјата има вонредна состојба со бегалската криза.

Како министерство кое е одговорно за безбедноста на земјата и на граѓаните, велат, мораат да издвојат онолку средства колку што е потребно.

Освен Министерството за внатрешни работи, дополнителни средства периодов трошеле и Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана и локалната самоуправа. Трошоците на државата се зголемуваат со приливот на илегални мигранти кои влегуваат во земјава.

Migrants in FYROM

 

Од министерствата велат дека е неблагодарно да се проценува колкава ќе биде дополнителната сума која ќе се троши во иднина, но на дневна основа ја следат ситуацијата и развојот на настаните и обезбедуваат ресурси.

На состанокот во Виена во август беше одлучено два милиони евра да бидат доделени на балканските земји за да се справат со бегалската криза. Тогаш министерите на Србија и на Македонија се изјаснија дека таа сума не е доволна, и дека овие земји трошат милионски суми дневно за справување со проблемот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top