На 33 години италијанската тенисерка Флавија Панета го оствари својот сон – победи на Отвореното првенство на САД, што за неа беше прва грен слем титула во кариерата. Успехот го прослави со Фабио Фоњини. Тие двајца се златната двојка на италијанскиот тенис.
По освојувањето на титулата, Пенета го изненади тенискиот свет со веста дека се повлекува од тенисот бидејќи сака да му се посвети на својот приватен живот.
Таа наскоро ќе се мажи со Фоњини. Италијанскиот тенисер на профилот на Пенета и напиша дека „неговата кралица“ за него „секогаш ќе биде број еден“.
Пенета имаше тежок период во животот по прекинот на љубовната врска со поранешниот шпански тенисер Карлос Моја. Разочарувањето во љубовта влијаеше на кариерата и имаше голем пад на светската ранг-листа, а потоа бавно враќање на старите позиции. Во тој тежок период, Италијанката најде утеха и поддршка во Фоњини кој беше нејзин долгогодишен пријател и тренинг партнер. Во април минатата година тие прв пат во јавноста ја потврдија својата врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.