Деновиве во издание на Музички-издавачки центар – МИЦ, од печат излезе книгата „Траги во звукот“ од Марко Коловски. Всушност – рецензии на речиси сите концерти на Македонската филхармонија одржани во последниве седум и пол концертни сезони. Токму во годината во која македонските филхармоничари ја завршија својата седумдесетта сезона.
Како што истакнува во предговорот авторот, – емитувани на програмата на Радио Скопје, овие забелешки на неговите импресии ја имале судбината на музиката што ја слушал претходанта вечер: со последниот одглас, со последниот звук да премине во тишина и да остане бледа и дифузна сенка во нашата несовршена меморија. Сличната судбина на неговите осврти, да се доживуваат во мигот на нивното емитување на радио-брановите и да се паметат до првата следна содржина, го поттикнала овие „траги на звукот“ да ги публикува, заедно со уверувањето дека токму низ тие траги идните поколенија ќе ги градат своите сознанија за времето во кое живееме, онака како што ние го реконструираме минатото низ трагитее што ги оставиле другите за епохите што изминале.
Книгата содржи 300 страници, стотина фотографии и осврти врз стотина концерти на Македонската филхармонија. Низ нив читателите со еден живописен стил, прилагоден и на сензибилитетот на слушателите на Првиот програмски сервис на Македонското радио, се запознаваат со импресиите што кај авторот ги предизвикале големите светски уметници и диригенти. Заедно со уметниците од Македонската филхармонија. И, се разбира, музиката на великаните на музичката историја како и нашите современици. Со оглед на фактот што ова е речиси единствен случај кај нас во еден толку долг период толку педантно и детално да се следи дејност на една институција, ова е и шанса на еден макро план да се констатираат и определени поглобални процеси во функционирањето и програмската концепција на еден од столбовите на современата македонска музичка култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прво ЦД издание на македонскиот композитор Вулнет Таири
-
СОКОМ и годинава учесник на Генералното собрание на Европската алијанса на композитори
-
Наградените композитори се огласија: Сеуште не сме добиле решенија и договори , а министерот за култура цели 10 месеци одбива средба со СОКОМ
-
СОКОМ наградата „Георги Божиков“ им ја додели на „Биг бенд“ за најуспешна изведба на македонско дело во изминатата година