Интензивното одделение на Клиниката за детски болести во Скопје, како дел од кампањата „Шанса за живот“ започната од компанијата „Окта“, доби современ бебитерм, кој овозможува рамномерно распределување на температурата на бебињата кои се предвремено родени или се родени со компликации .
Клиниката за детски болести за првпат добива ваков апарат што е од исклучително значење за нормалниот развој на бебињата. Апаратот е наменет за создавање на средина со оптимална топлина, потребна за предвремено родените бебиња и со тоа ги заштитува од несакани ситуации предизвикани од несоодветна температура при трансферот од инкубатор во нормална средина.
Ова е трета по ред донација, резултат од националната кампања која веќе втора година активно ја спроведува компанијата „Окта“, а ја поддржаа голем број јавни личности, граѓани и компании.
– Ова е еден од клучните апарати потребни за интензивното одделение што ќе овозможи да создадеме совршена средина за новороденчиња. Досега компанијата „Окта“ со кампањата „Шанса за живот“ ни помогна при набавка на нова и при сервисирање на постојната опрема. Многу сме среќни што Владата најави одвојување на средства за целосно реновирање и опремување на одделот, што покажува дека оваа кампања ја подигна свесноста за проблемот – изјави д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиника за детски болести, Скопје.
Покрај оваа донација како дел од кампањата Шанса за живот, „Ока“веќе донираше нов инкубатор, пулсоскиметри и аспиратори, а беа сервисирани три инкубатори.
– Ни претставува огромно задоволство како компанија кога гледаме дека нашата заложба и труд имаат позитивен ефект. Несомнено е дека оваа кампања предизвика огромен интерес во јавноста и обедини многу граѓани, компании и организации со една иста цел. Неизмерно смеим благодарни на сите кои ја препознаа потребата и активно се вклучија со донација и со поддршка. Заедно успеавме значајно да придонесеме за овој оддел, а со ист ентузијазам ќе продолжиме и понатаму – изјави Марија Ставрева, менаџер за комуникации и општествена одговорност во „Окта“.
Линк од прилогот може да видите тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)