| четврток, 6 декември 2018 |

Карванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Прилеп

стан

Карванот „Купи куќа, купи стан”  утре ќе биде во Прилеп. Пред заинтересираните граѓани во општинската зграда проектот ќе го презентираат претставници на Министерството за финансии. На презентацијата ќе учествуваат и градежни фирми од Прилеп кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.

Карванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија.

Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании, секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Струмица, Велес, Куманово и Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top