| четврток, 6 декември 2018 |

Јонас Мачијулис со волшебна игра ја сочува зелената шума од Грузијците (видео)

jonas

Јонас Мачијулис одигра брилијантна партија баскет, со најдобар индивидуален учинок во последните десетина години и со 34 поени ја преводеше Литванија до победа против Грузија, вредна четвртфинале. Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид, Панатинаикос, Милано и Жалгирис беше незадржлив и вкупно оствари индекс на корисност од 50 поени.

Покрај 34 поени, Јонас нанижа и 6 скока, 3 асистенции, а имаше и 4 украдени топки, за највисок индекс по тој на Дирк Новицки пред 14 години, кога мерачот застана на 52 индексни поени кај германскиот ас.

Мачијулис шутираше извонредно од поле, 11/13 и перфектно од линијата за слободни фрлања, 9/9. Патем тој од тешка позиција ја погоди клучната тројка во финишот, што и дефинитивно го скрши отпорот на жилавите Грузијци и ја одведе Литванија, или како што популарно ја нарекуваат „зелената шума“ во четвртфиналето на мегдан со Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top