| четврток, 6 декември 2018 |

Застрелани дванаесет туристи во Египет

Полицијата во Египет, случајно, во престрелка, во пустина уби дванаесет туристи и нивниот водич, додека десет лица се повредени.

egipet vojska

Министерството за внатрешни работи соопшти дека до масакрот дошло „случајно“, откако за комбито во кој биле туристите помислиле дека е возилото на џихадисти, кое со голема брзина се движеле кон пустината. Подоцна била ликвидирана и џихадистичката група која била цел на египетската полиција, а која се сомничи за обезглавувањето на Хрватот Томислав Салопек и за вмешаност во атентатот врз главниот египетски обвинител Хишам Баракат, кој беше убиен на 29 јуни.

– Преживеаните туристи соопштија дека патувале низ пустината во конвој од четири возила, кога биле нападнати – пренесува „Гардијан“.

Во соопштението од египетската полиција се наведува дека истражувале „терористички елементи“ и дека туристите не смееле да бидат во таа област.

– Заедничките сили на војската и на полицијата биле во потрага по терористички сили во западниот дел на пустината, кога случајно наишле на четири возила со мексикански туристи. Дошло до инцидент, во кој се убиени 12 лица, а 10 се повредени, кои се префрлени во болница – се наведува во соопштението.

Исто така, се дополнува дека е започната истрага за случајот.

Засега со сигурност е утврдено дека меѓу жртвите има најмалку двајца мексикански државјани. Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието, го осуди убиството на своите сонародници и го оквалификува како трагичен инцидент. Тој побара од египетските власти целосно расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top