| четврток, 6 декември 2018 |

Франција пред рекорден број на гледачи ја декласира Турција

Франција ќе игра во четвртфиналето на Евробаскетот чиј домаќин е, а пред рекорден број на гледачи на меч на европскиот континент, триколорите ја декласираа Турција со 76-53.

Во арената „Пјер Марој“ беа присутни нешто повеќе од 26 илјади гледачи што е рекорд, а Франција славеше убедливо во прекрасен амбиент. Нандо Де Коло со 15 поени беше најефикасен кај актуелниот европски првак, кој ќе има полесна задача во следната рунда против Летонија.

Ерсан Илјасова постигна најмногу поени за Турција, 14, но немаше поддршка од соиграчите во обидот да се направи сензација.

Утре се играат преостанатите четири осимнафинални натпревари.

fran

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top