Канцеларот на Германија Ангела Меркел ги охрабри бегацките, кои пристигнуваат во Германија, да го научат јазикот и да создадат нови контакти.
Во денешното видеообраќање, Меркел рече дека жените кои доаѓаат во Европа, често преживеале ужасни нешта и се трауматизирани. Таа рече дека освен да се обидат да го надминат тоа, може само да ги советуваме да го научат јазикот, да не се срамат да учат заедно со своите деца, кои можеби ќе зборуваат подобро германски, бидејќи одат на училиште.
Меркел исто така, ги советува жените да бараат нови контакти, да не се затвораат во себе, туку едноставно да живеат и работат во заедницата која ја познаваат, но во исто време да прават обиди и да излезат надвор од неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.