| четврток, 6 декември 2018 |

Во која земја е најдобро да се живее како пензионер?

Француската банка Натиксис Глобал Менаџмент направила листа од 150 земји од светот кои нудат најдобри услови за живот на пензионерите, а рангирањето е извршено врз основа на квалитетот на здравствената заштита, финансиската ситуација и квалитетот на живот на постарата популација. При составувањето на листата не е водена сметка за бројот на сончеви денови ниту за локалната кујна, што би можело многу да влијае на убавиот живот на пензионерите.

Според француската банка, рајот за пензионерите бил во Норвешка, на второ место е Швајцарија, а трет Луксембург. Потоа доаѓаат Шведска, Австрија, Финска, Холандија, Данска, Германија и Франција. Австралија, Израел, Канада, Белгија, Јапонија, Словенија, Чешка, Словачка, САД и Велика Британија ја составуваат втората десетка на листата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top