| четврток, 6 декември 2018 |

Како Тања Кокев ја гледа современата македонска жена (фотогалерија)

Елегантна, нежна, облечена во пастелни бои, но смела и со став – така македонската модна дизајнерка Тања Кокев ја гледа современата македонска жена за кого е наменета последната есен-зима колекција за 2015-2016 година.

Со префинети материјали од „Валентино“, сега дополнети со „Армани“ и „со Шанел“, но со потпис на „Кокев“, синоќа во софистицираниот амбиент на „Куршумли-ан“ Кокев ја претстави првата претапорте линија. Ова е прва колекција на Кокев на која таа претставува модели за секој ден. Новата колекција ја сочнуваат фустани со лелелави материјали, здолништа, панталони со совршен крој, палта, а полн погодок беа двобојните мантили како фустан. Целата колекција беше надополнета со чевли и со ремени со потпис на „Кокев“.

Настанот го режираше Дејан Пројковски, а по мелодија на мал оркестар под диригентство на Џијан Емин.

фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top