Скопскиот и охридскиот аеродром од јануари до август опслужиле 1.021.713 патници што е зголемување од 18,3 проценти во споредба со истиот период лани, кога во овој период се евидентирани 863.716 патници.
На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје регистрирани се 948.998 патници, односно за 16,8 отсто повеќе од минатата година кога се превезени 812.426 патници. На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ исто така се забележува зголемување на бројот на превезени патници. Така, од јануари до август годинава се превезени 72.715 патници, додека во истиот период во 2014 година се евидентирани 51.290 патници.
Најзастапени дестинации според бројот на патници се Истанбул со 14,5 отсто, Цирих 9,1 отсто, Виена 7,1 отсто, Малме 5, 9 отсто, Базел 5,4 отсто и Лондон со 5,2 отсто.
Од годинава се воведени и директни линии за пет нови дестинации до европските градови и тоа од скопскиот аеродром до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен двапати неделно, а од охридскиот аеродром е воведен директен лет до Базел, исто така двапати неделно.
– Континуираниот раст на бројот на превезени патници како и бројот на компании кои оперираат на двата аеродрома е директен резултат од Проектот за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај што го реализира Владата на Република Македонија- велат од Министерството за транспорт и врски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)



