Телото често ни испраќа суптилни знаци кога нешто не е во ред со нашето здравје. Тие знаци можат да бидат симптоми за сериозни болести.
1. Оштетени заби
Не чувствувате киселина и печење во желудникот, не консумирате слатки газирани пијалаци, но вашата забна глеѓ е многу оштетена? Веднаш појдете кај својот матичен лекар и побарајте упат за гастроентеролог, затоа што веројатно желудничката киселина ви ја нагризува глеѓта.
Гастричниот рефлукс е чест здравствен проблем кај многу луѓе. Уште некои симптоми кои упатуваат на оваа состојба се чести воспаленија на грлото и постојано лош вкус во устата.
2. Хемороиди
Не се воопшто безопасни и не смеете да ги игнорирате, туку мора да се консултирате со својот лекар околу правилните методи на лекување. Ако имате хемороиди кои не се повлекуваат по третманот – постои веројатност тоа воопшто да не се хемороиди.
Тоа можат да бидат израстоци кои упатуваат на Кронова болест, автоимуна воспалителна болест на дигестивниот систем. Во тој случај, обратете се кај гастроентеролог за да ги направите сите потребни анализи и да ги отстраните сомнежите за болеста.
3. Осип проследен со чешање и лупење на кожата
Кога ќе се појави ваква реакција на лактите, колената, главата или на грбот, тоа е главно знак за егзема. Меѓутоа, ова може да упатува и на нетолеранција на глутен. Дури 25 отсто заболени од целијакија имаат таков облик на кожен осип (dermatitis herpetiformis), со отсуство на какви било проблеми во варењето (дигестивниот тракт).
4. Промени во ракописот
Кога ќе помислите на Паркинсова болест, веројатно прво што ви паѓа на памет е тремот. Меѓутоа, еден од првите знаци кои укажуваат на оваа болест е, всушност, промената на ракописот. Во едно опсежно медицинско истражување спроведено во 2013 година, лекаите барале од болните од Паркинсова болест една реченица да ја напишат десет пати на ист лист хартија.
Со секое пишување, нивните букви станувале сѐ помали, а ракописот сѐ погуст. Тоа се случува поради недостатокот на допамин во мозокот кој предизвикува вкочанетост на прстите. Губењето на чувството за мирис е уште еден знак кој упатува на Паркинсова болест.
5. Промени во помнењето
Повремената заборавеност не е нешто поради кое би требало да се грижите, но ако на секојдневна база заборавате дури и наједноставни работи (како патот до продавницата, возењето на добро познатата локација, имињата на блиските), можеби би требало да посетите лекар. Ваквите „дупки“ во помнењето се први знаци на Алцхајмерова болест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


