| четврток, 6 декември 2018 |

Победникот на „Скопски фестивал“ нема да оди на „Евровизија“

Победникот на „Скопски фестивал“ во ноември нема да биде македонски претставник на следната „Евровизија“. Македонската радио-телевiзија одлучи фестивалот и изборот за претставник да бидат два одделни проекта.

– На кој начин ќе се избира македонскиот претставник за Евровизија, која ќе се одржи во Стокхолм, Шведска, в година, националниот сервис ќе реши дополнително – вели за „Дневник“ Мери Попова, уредничка на културно- уметничката програма.

Mинатата година по неколку години беше вратен системот во кој претставник на Македонија е победникот на „Скопски фестивал“, па Даниел Кајмакоски пееше во Виена. Фестивалот не помина без скандал, посебно по првата полициска акција за откривање измами во гласањето.

Годинашното издание на „Скопски фестивал“ ќе се одржи на 12 ноември и има натпреварувачки карактер, а конкурсот за пријавување на новите композиции е во тек и трае до 15 септември.

Kомпозицијата што со најмногу гласови ќе се искачи на победничкиот трон ќе освои 600.000 денари. За второпласираната ќе се одвојат 450.000 денари и за третопласираната 300.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top