Судбината на една жена е непозната, а преку 90 илјади лица добија наредба да се евакуираат денеска поради поплави и свлечишта во источна Јапонија, јави ДПА.
Жената исчезнала во регионот на градот Канума, на сто километри северно од Токио, каде поројниот дожд предизвика свлечиште.
Во градот Нико, на 140 километри северно од Токио, паднале 400 милиметри дожд од понеделникот. Според метеоролозите толкава количина не е забележана во Јапонија со децении.
Јапонија вчера беше погодена од 18. тајфун оваа сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.