Голем пожар зафати индустриски објекти со опасен материјал во градот Феникс во американската држава Арозона, што доведе до експлозии, а населението во ова подрачје било евакуирано.
Според локалните медиуми, причината за пожарот засега е непозната, но огнот ја зафатил локалната фабрика за катран.
Пожарникарите наведуваат дека повеќе резоарвоари биле уништени, а најмалку три експлодирале. На километри можат да се забележат облаци од црн чад во воздухот.
Во овој дел од земјата се откажани сите авионски летови.
Пожарникарите евакуирале околу 100 луѓе од блиските фирми, на кои им е препорачано да се оддалечат од подрачјето зафатено од пожарот.
Во гаснењето на огнената стихија учествуваат 50 пожарникари, а соопштено е дека на местото на инцидентот се ослободени најмалку 20 опасни материи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.