Унгарската армија почна воена вежба, со цел да ги подготви своите војници да ја чуваат јужната граница, изјави синоќа началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, генерал Тибор Бенко.
Унгарија планира да испрати војници да им помогнат на полициските патроли долж границата, преку која секој ден доаѓаат илјадници бегалци и мигранти од Србија.
Премиерот Виктор Орбан изјави дека донесувањето на законот за распоредување на армијата нема да биде можно пред 20 септември.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, вчера изјави дека Унгарија наскоро ќе одржи воени вежби во близина на границата со Србија.
Дачиќ изјави дека за тоа го известил по телефон неговиот унгарски колега Петер Сирто.
– Министерството за одбрана на Унгарија ќе го извести нашето Министерство за одбрана дека ќе има воени вежби во близина на границата, кои не се насочени кон некаква воена опасност од наша страна – изјави Дачиќ во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ
-
Високо одликување за Раде Силјан од Претседателот на Унгарија
-
Нов инцидент со новинарката која шутираше мигранти: Добила забрана за пристап во Парламентот