| четврток, 6 декември 2018 |

Есма во трка за најубава евровизиска претставничка

Невена, Сара и Мирна, финалистките од шоуто „Првиот глас на Србија“ а сега и српските претставнички на Евросонгот, водат во изборот за најубави пејачки на натпреварот. Во трка за титулата „Најубави на Евровизија“ се 26 жени, а девојките од „Моје три“ се на првите три места. Невена убедливо води со 17,2 % од гласовите, Сара има 15,9 %, а Мирна има освоено 11% од вкупните гласови.

srbija beovizija

Зад нив се претставничките на Молдавија, Германија и Кипар, а нашата претставничка, Есма Реџепова има 0,8% од вкупниот број на гласови.

Конечните резултати ќе бидат објавени пред почетокот на овогодишната Евровизија, а на 25 април започнува финалното гласање, кога на листата ќе останат само 12 натпреварувачки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top