| четврток, 6 декември 2018 |

Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“ ја претепал сопругата и завршил во болница поради нервно растројство

Музичарот, композитор и поранешен водач на групата „Нови фосили“ и добитник на наградата „Порин“ за животно дело Рајко Дујмиќ полицијата во понеделникот вечер го привела поради семејно насилство во станот во Максимир. Дујмиќ наводно ја претепал сопругата Снежана Шимек (51). Во тек е полицијската истрага.

rajko-dujmic-novi-fosili-1414271211-584359

Делото на Дујмиќ е поврзано со член 117 од Кривичниот закон односно дека на сопругата Снежана и нанел полесни телесни повреди.

Во случај и по судски пат да се докаже вината на поранешен водач на бендот Нови фосили, според ставот 2 на тој член кој го товари, на музичаот му се заканува и до три години затвор.

„Јутарњи“ дознава дека по кавгата двајцата сопружници завршиле во болница – Снежана поради полесни повреди, а Рајко поради нарушена психичка состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top