Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Марјан Србиновски беше разочаран по мечот со Хратска кој неговите избраници го загубија со 73-55 од Хрватска особено во второто полувреме кога постигнаа само 20 поени. Падот на играта во вторите 20 минути се клучотм за поразот, а Србиновски истакна дека кошарка не се игра само 20 минути.
– Честитки до селекцијата на Хрватска на заслужената победа. Ние денеска игравме само 20 минути, првото полувреме го отворивме како што треба, го држевме резултатот на мал број на поени. Сепак, во вториот дел Хрватска заигра многу подобра одбрана, што го растури нашиот систем во напад. Мислам дека тоа беше клучно за овој натпревар. Се обидовме да се вратиме, стигнавме до шест поени негатива, но толку можевме да направиме на овој натпревар. Како што видовте, се работи за поискусен и поквалитетен тим од нас, ние нашата шанса ја гледаме утре на мечот во Грузија, или евентуално во последното коло против Словенија – изјави Србиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.