По полуфиналните вечери, што изминативе два месеца се одржуваа во сите поголеми градови низ Македонија, вечерва во хотелот „Романтик“ на Велешко Езеро ќе се одржи финалето на „Мис на Македонија“, на кое ќе се претстават најубавите кандидатки од целата држава.
Вечерашната победничка ќе ја претставува Македонија на изборот за „Мис Глоуб 2015“, кој оваа година ќе се одржи во Торонто, Канада во октомври, а придружничките на други интернационални избори за убавина за кои модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци.
На финалето, кое е со почеток во 21 часот, како музички гости ќе настапат Зоран Џорлев, Елена Петреска и Игор Митровиќ, а водителка на настанот ќе биде Светлана Црнокрак.
Минатата година победи Надица Димковска, прва придружничка беше Ивана Ѓеорѓиевска, а втора Ангела Ставревска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.