| четврток, 6 декември 2018 |

Поетскиот карван на ДПМ денеска во Крушево

Денеска напладне во Крушево, во Домот на културата, ќе настапат 30 поети-учесници на поетскиот карван на ДПМ. Љубителите на литературата во овој град ќе имаат можност да се сретнат со поетите Стојан Тарапуза, Иван Чаповски, Марта Марковска, Кочо Топузоски, Раде Силјан, Делвина Керлуку, Бранко Цветкоски, Никола Јовановски, Весна Ацевска, Зоран Пејковски, Елена Пренџова, Трајче Кацаров, Веле Смилевски, Сеида Бегановиќ, Санде Стојчевски, Весна Мундишевска, Борче Панов, Миле Јовановски Поречанец, Христо Петрески, Петре Димовски, Милица Радевска, Никола Илијовски, Александра Велинова, Василе Димески, Милица Пашовска, Мирјана Стојановска, Паскал Гилевски, Кире Неделковски, Јовица Илиќ и Перо Миленковски.

Годинашниот циклус на Поетскиот карван на ДПМ се одржува во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. Поетите досега гостуваа во Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип, Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, Демир Хисар и во Лазарополе, а учествуваа и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.

До крајот на ноември оваа манифестација ќе продолжи во Гевгелија, Куманово, Велес, Кавадарци и во Радовиш.

Поетскиот карван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ која е составен дел на Деновите на Блаже Конески, кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top