| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија го преспа второто полувреме, Хрватска нѐ декласира со резултат 73-55

Македонските кошаркари го претрпеа вториот пораз на Евробаскетот, а одиграа лошо второ полувреме против еден од домаќините, Хрватска, и загубија со резултат 55-73. По првиот дел водевме со 32-30, но во прдолжението бевме лоши во сите сегменти.

Хрватите го искористија падот во нашата игра и го добија второто полувреме со 20 поени разлика, 43-23 и ја забележаа втората победа.

Дарио Шариќ со 15 поени беше најефикасен на мечот, а кај нас единствен со двоцифрен учинок беше Предраг Самарџиски со 10 поени. Браќата Војдан и Дамјан Стојановски забележаа по 9 поени.

Утре ќе го играме клучниот меч со Грузија за пласман во вториот круг. Тој дуел се игра од 18 часот.

samar

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top