Жените изневеруваат но кога ќе се спомне зборот „афера“ ретко кој прво помислува на неверна жена. Пред дваесеттина години, само 9 отсто од жените би можеле да признаат дека биле неверни, а денес тој процент е зголемен на на дури 20 отсто!
Жените изневеруваат, но кога изневеруваат, тоа го прават многу подобро од мажите, па не се дознава толку често. Еве и зошто.
Жените знаат да чуваат тајни
„Жената умее да чува тајни“ – колку и да звучи неверојатно, ова е вистина. Можеби нема да ја чуваат тајната на колешката или пријателката, но кога е во прашање нивниот љубовен живот, особено забранетиот, навистина знаат да молчат.
Знаат да лажат, особено в кревет
Познато е дека жената „губи на вредноста“ ако спиела со повеќе мажи, па самото лажење и прикривањето доаѓа природно. Исто така, кога мажот ќе праша „како беше?“, таа ќе одговори: „Супер“, дури и ако било катастрофално. Ваквиот тренинг ги оспособува жените вешто да лажат и за сексот за кој никој не смее да дознае.
Внимаваат на деталите
Мажите едноставно се невнимателни суштества. Тие може да се вратат дома и со траги од кармин, да заборават да ги отстранат доказите од спалната соба или да се допишуваат со љубовницата дури и пред нивната сопруга. Меѓутоа, жената која изневерува ќе најде совршено место за ова, така што нема шанси некој да ја открие, ќе се истушира за да не мириса на друг маж. Таа исто така, детално ќе ја прегледа својата облека за да се увери дека нема какви било траги кои би ја разоткриле
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.