| четврток, 6 декември 2018 |

Раскин по 18 години врска

Популарниот холивудски актер Џон Хем (44), најпознат по улогата во серијата „Мad men“, ја раскина 18-годишната врска со неговата девојка Џенифер Вестфилд (45), исто така актерка.

Иако за проблемите во нивната врска се шпекулираше веќе неколку месеци, неговиот ПР агент со соопштение до јавноста ја потврди разделбата.

– Со голема така одлучивме да се разделиме после 18 години љубов. Ќе останеме во добри односи и ќе си помогнеме еден на друг полесно да го пребродиме ова, колку што можеме – стои во заедничкото соопштение.
Џенифер беше со него и во текот на рехабилитацијата на која актерот заврши поради зависност од алкохол, но се уште не се знае дали и тоа е една од причините поради кои се разделија.
Двојката немаше деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top