Денеска продолжија квалификациските натпревари за Европското првенство 2016 во фудбал.
Лидерот на табелата во групата Д и актуелен светски шампион Германја по тешка борба славеше во Глазгов над Шкотска со 3-2 и со тоа ја задржа првата позиција на табелата и на две кола пред крајот е промоција во учесник на завршницата.
Томас Милер двапати носеше водство за „панцирите“, но Шкотска не се предаваше и израмнуваше со автоголот на Хумелс и погодокот на Мекартур. Но, Илкај Гундоган со голот во 54.минута донесе важни три бода за Германците.
Лаферти донесе реми на Северна Ирска против Унгарија (1-1) во судиското продолжение и ја задржа на првото место во групата Д иако играа со играч помалку по исклучувањето на Беирд во 83 минута. Прртходно, Гузмич во 74.минута беше стрелец за Унгарците.
Мигел Велосо во судиското продолжение и донесе многу важен триумф на Португалија во Елбасан (0-1), по кој сега Роналдо и компанија се пред промоција во групата И.
Miguel Veloso Amazing Goal – Albania vs… by brilche
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)