Никој не е поголем фан на музиката на Бијонсе од Џеј-Зи, а тоа можете да го забележите и од тоа како тој ужива на нејзините концерти и јавни настапи.
Овој пат решил да ужива и на еден од најголемите фестивали во Америка, музичкиот фестивал „Budweiser Made in America“, но со обид да остане незабележан од јавноста.
Токму затоа, решил да се појави на фестивалот и да ужива во настапот на својата сопруга прикриен со капа за да си го прикрие лицето.
Сепак, неговиот обид да се сокрие не завршил успешно, бидејќи некои успеале да го снимат и објават на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.