Џеј Зи го објави својот нов албум „4:44“, кој е достапен само за корисниците на Тидал, кои се регистрирале пред 26-ти јуни.
Оние кои веќе се претплатени на таа мрежа, и кои ги слушале новите песни, велат дека Џеј Зи во нив признава дека тој ја изневерил Бијонсе. Минатата година, албумот на Бијонсе беше исполнет со песни, според кои многумина сметаа дека на некој начин таа јавно кажа дека сопругот ја изневерил. Оваа година, Џеј Зи се кае за неверствата и искрено зборува за чувствата кон ќерката Блу Ајви и новородените близнаци.
– Се извинувам за неверствата, кои се случуваа претходно. Ми требаше многу за оваа песна. Не те заслужувам… И кога би дознале моите деца, не знам што би правел ако не ме гледаат на ист начин- се некои од стиховите во кои пее Џеј Зи
На почетокот на оваа година, кога Џеј Зи објави дека работи на нов албум, изјави дека токму песната „4:44“ е една од неговите најдобри песни кои некогаш ја напишал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не ни трепнала: Откриено е што украла Бијонсе од Кејт Мидлтон и како!
-
Џеј Зи за една ноќ потрошил близу 100.000 долари, а само да видите колкав бакшиш оставил на келнерот!
-
Принцеза од мали нозе: Ќерката на Бијонсе има личен стилист, две дадилки, обезбедување, готвач…
-
Пожарот во Лос Анџелес се заканува да ја проголта и куќата на Бијонсе!