| четврток, 6 декември 2018 |

Анте Томиќ: Македонија е компактна репрезентација, мора да ги сопреме браќата Стојановски

По еден ден пауза, македонската кошаркарска репрезентација утре со почеток од 21 часот го продолжува настапот на Евробаскетот и игра против фаворитот во групата Ц и домаќин Хрватска.
Македонските репрезентативци не се оптеретени со императивот победа и секако ќе направат се што во нивна можност да дојдат до изненадување над големиот фаворит.

ante tomic

Затоа и еден од главните адути на хрватската селектор Перасовиќ, центарот Анте Томиќ, предупредува и потенцира дека Македонија не е воопшто наивна репрезентација.
Како приоритет на „коцкестите“ за утрешниот меѓусебен дуел, кошаркарот на Барселона истакна дека мора да се запрат близнаците, Војдан и Дамјан Стојановски.

– Македонија има добра и компактна селекција, играт добрро на тимски план, нема некои поединци кои посебно се истакнуваат. Ќе мора да играме многу добро во одбраната, за да ги сопреме пред се браќата Стојановски, како и играчите во рекетот – вели Томиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top