| четврток, 6 декември 2018 |

Kако СДСМ ги плаќа своите плукачи: по 73 илјади евра од општина Центар за Поповски и Унковски

unko-popovskiДруштвото за театарски и едукативни дејности ТЕАТАР НА НАВИГАТОРОТ ЦВЕТКО ДОО Скопје чиј што единствени сопственици се режисерите Александар Поповски и Слободан Унковски земале по 4 милиони и 500 илјади денари или над 73 илјади евра за проект од Општината Центар на Андреј Жерновски.

Од решението се гледа дека Општината Центар едногласно одлучила да се доделат пари на ова друштво, а оставила можност таа сума да се зголеми. Овие пари се за тековната 2015 година. Скандалозно е што и двајцата Александар Поповски и Слободан Унковски се отворени поддржувачи на политиките на СДСМ а често може да се заблежат и на нивните јавни настани. Слободан Унковски е и поранешен министер во владите на СДСМ.

navigator500

Тие се критичари на актуелната владата и предничат со својот жолчен и на моменти агресивен настап. Очигледно тие за ваквото однесување имале дебела финансиска причина. Ваквото финансирање отвора дилема дали ова е начинот на кој СДСМ ги плаќа своите плукачи по власта. Особено е скандалозно што Општината Центар и Жерновски секојдневно се жалат за недостаток на средства, а од друга страна истураат пари на здруженија за проекти кои не ги решаваат проблемите на граѓаните.

navigator-1

unko-pop

Останува Жерновски да објасни по кој критериум доделил парите и тоа токму на луѓе од СДСМ, дали се работи за разработена финансиска мрежа за финансирање на СДСМ и зошто има пари за нивните проекти а нема за решавање на проблемите на граѓаните- како осветлување, канализација, проблеми со неасфалтирани улици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top