Американското Министерство за одбрана соопшти дека ирачките военовоздухопловни сили во операција против Исламска држава првпат користеле авиониловци Ф16, купени од САД.
Потпаролот на Пентагон, Питер Кук изјави дека Ирак успешно ги користел модерните авиони во кампањата против џихадистичката група.
Тој не откри повеќе детали за операцијата. Првите четири ловци Ф16 му беа доставени на Ирак во јули, а според планираното ќе добие уште такви авиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.