| четврток, 6 декември 2018 |

На Босанците кои убија рис им се заканува казна затвор

Четворица босански ловџии на социјалната мрежа Фејсбук се пофалиле дека уловиле рис, кој претставува заштитен вид во цела Европа и неговиот лов е строго забранет.

Како што информира сараевскиот портал Кликс, „храбрите“ ловџии на Фејсбук објавиле и фотографии на кои се сликаат покрај уловениот рис.

Но, нивните фотогрофии ги забележал „совесен граѓанин“, кој веднаш ги пројавил ловџиите во полиција.

Според Кликс, се очекува во текот на денот четворицата ловџии да бидат повикани на разговор во полицијата. Ловот на рисот може да ги чини Босанците паричини глоби и казна затврот до една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top