Претседателот Франсоа Оланд ќе има помалку гласови од Марин Ле Пен, Никола Саркози и Ален Жупе на првиот круг од претседателските избори во Франција во 2017 година, покажуваат резултатите од анкетата на Социолошкиот Институт Ифоп, порачана од весникот „Фигаро“ и телевизијата РТЛ.
Овие резултати покажуваат дека Оланд нема да стаса ни до вториот круг, пишува „Фигаро“.
Според анкетата, за него најмногу ќе гласаат 19 отсто од избирачите со што ќе биде ставен на трето место по првиот круг, независно кој ќе му биде соперник од десницата. На прво место е Марин Ле Пен, која 27 отсто ја претпочитаат пред Никола Саркози, односно 29 отсто пред Ален Жупе. Двајцата десничарски лидери имаат поддршка од 25 проценти од анкетираните или шест отсто повеќе од Оланд.
Освен тоа, мнозинството Французи или 78 отсто од анкетираните сакаат Оланд воопшто да не се кандидира во 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.