| четврток, 6 декември 2018 |

Кој друг ако не Бјелица, Србија ја победи Германија во последната секунда (видео)

FIBA EuroBasket 2015

Србија продолжува со победите во „групата на смртта“ во Берлин во рамките од Европското првенство во кошарка. По стартниот триумф во првото коло над Шпанија, репрезентативци на Србија извојуваа уште една победа, потешка од очекувањата над домаќинот Германија со 68-66.
Немања Бјелица повторно беше јунак на мечот овојпат со кош во последната секунда. По одличниот шутерски ден против Шпанија, денеска Србите шутираа слабо и погодија само четири тројки од дури 30 удари кон противничкиот кош. Сепак менталниот склоп кој успеа да го вреже во главите селекторот Ѓорѓевиќ придонесе да се оствари уште една победа во најтешката група на првенството.

Бјелица беше и најефикасен во српскиот национален тим со 12 постигнати поени, пред Богдановиќ и Ерцег кои уфрлија по девет поени. Капитенот Теодосиќ имаше осум коша но кастрофален процент за шут за три 0/9. Новицки и Плеис со по 15 поени беа најефикасни во германската кошаркарска репрезентација.

Полска стигна до втората победа на Евробаскетот и тоа со триумфот над Русија (82-79) која е најголемото разочарување до сега со два пораза, додека Белгија беше убедлива против Естонците (84-55).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top