| четврток, 6 декември 2018 |

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организираше голема хуманитарна акција

Под мотото “Биди хуман – ДОНИРАЈ” Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во сите општински комитети организираше голема хуманитарна акција за собирање на облека, средства за лична хигена и играчки за дечињата.

Во сите 76 општински комитети, Унијата на жени постави штандови на кои членките и симпатизерите, но и хуманите граѓани имаа можност да донираат и да помогнат на оние на кои им е потребна помош.

Унијата на жени и во изминатиот период реализираше голем број на хуманитарни активности со кои е подадена рака на голем број на семејства во социјален ризик на територија на Република Македонија.

Од Унијата на жени информираат дека за нив хуманоста преставува општествена одговорност и во наредниот период ќе продолжат со организација и поддршка на активности од ваков тип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top