| четврток, 6 декември 2018 |

Квалификации за ЕП: Сигурна победа на Германија, прв триумф на Србите (видео)

Germany vs Poland

Синоќа во Европа продолжија натпреварите во квалификациите за Европското првенство 2016 година. Беа одиграни вкупно осум натпревари, а за издвојување е натпреварот на светскиот шампион Германија против Полска на домашен терен.

На стадионот во Франкфурт Германиа ја совлада Полска со 3-1 и ја мина на врвот на табелата во групата Д со 16 бода, два повеќе од синоќешниот противник.

Томас Милер во 12.минута ја доведе Германија во водство, а седум минути подоцна Марио Геце зголеми на 2-0. Но, Полјаците не се предадоа така лесно, па Роберт Левандовски во 37.минута постигна погодок за намалување на резултатот. Сепак, Марио Геце со својот втор гол во 82.минута ги разреши дилемите за триумф на светскиот првак од 3-1.

Прво победа остварија и српските фудбалери на домашен терен против Ерменија со 2-0. Србија поведе по акцијата на Андрија Живковиќ, а сопствената мрежа си ја затресе Хајрапетјан. На почетокот на вториот дел, Адем Љајиќ зголеми на 2-0, што на крајот беше и конечен резултат. Со овој триумф Србите дојдоа „во плус“, откако имаа „минус два“ бода поради добро познатите случувања околу прекинатиот натпревар со Албанија.

Финска ја совлада Грција на гости со 0-1, со погодокот на Похјанпало во 75.минута од средбата

Квалификации за ЕП, резултати:

Група Д: Грузија – Шкотска 1-0, Германија – Полска 3-1, Гибралтар – Р. Ирска 0-4.

Група Ф: Ф. Острови – С. Ирска 1-3, Грција – Финска 0-1, Унгарија – Романија 0-0.

Група И: Србија – Ерменија 2-0, Данска – Албанија 0-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top