Со доаѓањето на ноќта во Унгарија илјадници очајни бегалци го продолжија својот пат во насока на границата со Австрија во очајнички обид да најдат подобар живот во Европа. Со своите торби и деца на раце, имигрантите ја напуштија железничката станицата во Будимпешта, каде унгарските власти им попречија да се качат на возовите кои патуваат на Запад.
Австрија и Германија веќе се согласија да прифатат илјадниците имигранти кои патуваат кон австриската граница од Унгарија. Унгарските власти пак доделија 100 автобуси за превоз на бегалците до границата со Австрија. “Ноќе ќе бидат донесени автобусите на станица и на автопатот М1, каде на имигрантите ќе биде предложено превоз до границата со Австрија”, рече на прес-конференција шефот на премиерската канцеларија Јанош Лазар. “Тоа не значи дека тие автоматски ќе можат да ја напуштат земјата … Очекуваме одговорот од Владата на Австрија”, истакна тој. Првиот од осигурените од унгарските власти автобуси кои треба да превезат мигрантите од Унгарија до Австрија, ја напуштил станица во Будимпешта, соопшти АФП.
Според податоците на Агенцијата, други автобуси качуваат луѓето од поворката од околу 1.200 лица, што порано тргна пеш кон границата. Овој хаос е контраст со ветувањето на премиерот Виктор Орбан обид да совлада една од најлошите имигрантски кризи по војната во Југославија во 90- тите години на минатиот век. Унгарскиот парламент во петокот усвои нов пакет итни антиимиграционни закони, во одговор на рекордниот број бегалци кои минуваат низ земјата, во обид да стигнат до Западна Европа. Новите мерки вклучуваат казни од три години затвор за луѓе кои скокаат над новоизградената жица долж границата на Унгарија со Србија, како и новата гранична “транзитна зона”, каде треба да останат имигрантите додека нивните барања за азил се разгледуваат. оштетувања на оградата исто така ќе се смета за кривично дело.
Новите закони беа поддржани од 140 пратеници, додека 33 беа против, пишува интернет изданието “Интернешнл бизнис Тајмс”, повикувајќи се унгарски медиуми. Членовите на десничарската партија “Јобик”, исто ги поддржаа измените во законодавството. Според новите закони бегалците веќе ќе можат да поднесуваат барања за азил уште на унгарската граница. Исто така се предвидува и зголемување на казните за шверцерите на луѓе. Унгарските пратеници најавија и “вонредна состојба, предизвикана од масовната имиграција”, дозволувајќи им на полицијата и армијата да помагаат за регистрирање на барањата за азил и да раководат центри за задржување во логори.
“Ако не ги заштитиме нашите граници десетици милиони имигранти ќе продолжат да доаѓаат во Европа”, рече во изјавата десничарскиот премиер на земјата Виктор Орбан. “Ако ги пуштиме сите, тоа ќе биде крај на Европа. Крајната цел на повеќето имигранти е Германија или некоја друга западна земја, затоа тие избегнуваат да се регистрираат во Унгарија, која во моментов преживува економска депресија и поголема веројатност би ги вратила во родните земји отколку другите западноевропски земји. Според новиот европски закон, бегалците ќе добијат одобрение во земјите во кои се регистрираат за прв пат. 23-годишниот Осман Морзар од сирискиот град Алепо е толку силно решен да не биде регистриран во Унгарија, дури и ги избришал отпечатоците со киселина.”Унгарската влада е многу лоша. ОН треба да помогне “, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)