Чилеанскиот репрезентативец и фудбалер на Баерн Минхен, Артуро Видал кој беше повикан за настап во националниот состав, повторно е фатен во алкохолизирана состојба и експрено е вратен во Германија.
Иако официјалната вест е дека Видал побарал да се врати назад поради операцијата на својот син кој боледува од дијабетис, сепак, весникот „Ел Меркурио“ открива дека фудбалерот на Баерн Минхен се вратил во алкохолизирана состојба откако претходно заглавил во казино.
Артуро Видал имаше слични проблеми и за време на одржување на Копа Америка чиј домаќин беше неговата земја. Тој тогаш го искрши своето Ферари возејќи под дејство на алкохол, а му беше одземена и возачката дозвола. Видал на прес-конференцијата во емотивна состојба се извини и доби дозвола да остане во репрезентацијата на Чиле која подоцна го освои и трофејот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.