| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Димитровска: Децата не смеат да заспиваат со цуцлата со шише полно сок

Цир­ку­лар­ни­от ка­ри­ес мо­же да се отстрани ако на­вре­ме­но се по­се­ти сто­ма­то­лог. Уста­та и за­би­те прет­ста­ву­ва­ат пор­та за број­ни за­бо­лу­ва­ња на ор­га­низ­мот, ве­ли сто­ма­то­ло­гот д-р Ире­на Ди­ми­тров­ска

За да се за­шти­тат де­ца­та од проб­ле­ми со за­би­те, по­треб­на е пра­вил­на здра­ва ис­хра­на, вне­су­ва­ње по­ве­ќе овош­је, зе­лен­чук, мле­ко и млеч­ни про­из­во­ди, а на­ма­ле­но вне­су­ва­ње ше­ќе­ри, сла­тки и зас­ла­де­ни со­ко­ви, осо­бе­но на­ве­чер. По­треб­но е соз­да­ва­ње на­ви­ки за ре­дов­на хи­ги­е­на, ми­е­ње на за­би­те, на­у­тро и на­ве­чер пред лег­ну­ва­ње, ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ д-р Ире­на Ди­ми­тров­ска, сто­ма­то­лог.

 

Пр­во­то зап­че е ра­дост на се­кое се­мејс­тво, кои се пр­ви­те симп­то­ми на ник­ну­ва­ње на за­би­те? На ко­ја во­зраст всуш­ност поч­ну­ва­ат да ник­ну­ва­ат за­би­те?

ДИ­МИТ­РОВ­СКА: Пе­ри­о­дот на до­ен­че и пер­и­о­дот на прет­школ­ско де­те, од 6 ме­се­ци до 2,5 го­ди­ни, се ка­ра­кте­ри­зи­ра со ник­ну­ва­ње на за­би­те, од пр­ви­от мле­чен заб, па до офор­му­ва­ње на комп­лет­на млеч­на ден­ти­ци­ја. Во при­ро­да­та не по­стои точнa вре­мен­ска одред­ни­ца ко­га не­кои ра­бо­ти се слу­чу­ва­ат, ту­ку вре­мен­ски пер­и­од. Цен­трал­ни­те ин­ци­зи­ви „еди­ни­ци“ ник­ну­ва­ат во пер­и­о­дот ме­ѓу 4 и 10 ме­се­ци, ла­те­рал­ни­те ин­ци­зи­ви „двој­ки“ ме­ѓу 6 и 12 ме­се­ци, ка­ни­ни­те „трој­ки“ ме­ѓу 15 и 22 ме­се­ци, пр­ви мо­ла­ри „че­твор­ки“ ме­ѓу 11 и 18 ме­се­ци и вто­ри­те мо­ла­ри „пе­тки “ ме­ѓу 19 и 30 ме­се­ци. Нај­че­сто пр­во ник­ну­ва­ат дол­ни­те, па гор­ни­те цен­трал­ни ин­ци­зи­ви, па дол­ни­те па гор­ни­те ла­те­рал­ни ин­ци­зи­ви. По па­у­за од 2-3 ме­се­ци ник­ну­ва­ат дол­ни­те па гор­ни­те пр­ви мо­ла­ри, па сле­ду­ва­ат дол­ни­те па гор­ни­те ка­ни­ни. Пос­лед­ни ник­ну­ва­ат вто­ри­те мо­ла­ри, дол­ни­те, па гор­ни­те. Ник­ну­ва­ње­то на млеч­ни­те за­би кај ро­ди­те­ли­те пре­диз­ви­ку­ва сре­ќа, но бе­би­ња­та нај­че­сто го преп­ла­ку­ва­ат тој пер­и­од. Се ја­ву­ва зго­ле­ме­на ла­че­ње на плун­ка т.е. „ли­га­ве­ње“, воз­не­ми­ре­ност и дру­ги про­ме­ни на рас­по­ло­же­ни­е­то, осип око­лу уста­та, мо­же да се ја­ви по­ка­че­на тем­пе­ра­ту­ра и ди­ја­реа. Зго­ле­ме­но­то ла­че­ње плун­ка мо­же да до­ве­де до осип око­лу ус­ни­те и тоа мо­же да би­де по­год­но ме­сто за ин­фек­ции. Се пре­по­ра­чу­ва на­не­су­ва­ње на не­у­трал­ни кре­ми и мас­ла.

Осет­ли­во­ста на слуз­ни­ца­та на ме­сто­то на ник­ну­ва­ње на зап­че­то бе­бе­то ја по­ка­жу­ва со до­пи­ра­ње на ме­сто­то и со гриц­ка­ње на сè што ќе му дој­де под ра­ка. За не­у­тра­ли­за­ци­ја на бол­ка­та се пре­по­ра­чу­ва­ат раз­лич­ни играч­ки за гриц­ка­ње или ед­но­став­на ма­са­жа. Раз­лич­ни­те ге­ло­ви за ник­ну­ва­ње на за­би­те во ос­но­ва се ло­кал­ни ане­сте­ти­ци и не тре­ба да се пре­те­ру­ва со нив, а и нив­но­то дејс­тво е кра­тко­трај­но. За­ра­ди кра­тко­трај­но­то дејс­тво на ло­кал­ни­те ге­ло­ви, тие се пре­по­ра­чу­ва­ат во слу­чаи ко­га де­те­то има по­го­ле­ма бол­ка, при што мо­же да би­де на­ру­шен апе­ти­тот. За­тоа, во овој слу­чај се пре­по­ра­чу­ва­ат пет ми­ну­ти пред обро­кот, за да мо­же де­те­то да се опу­шти, да се ре­ла­кси­ра и по­мир­но да го зе­ме сво­јот оброк.

dr-Irena-Dimitrovska-zdr156-2

Во ко­ја во­зраст за­вр­шу­ва рас­те­ње­то на млеч­ни­те за­би и од ко­ја до ко­ја во­зраст се ме­ну­ва­ат млеч­ни­те за­би во трај­ни за­би?

ДИ­МИТ­РОВ­СКА: Млеч­на­та ден­ти­ци­ја се фор­ми­ра со ник­ну­ва­ње­то на вто­ри­от мле­чен мо­лар, не­ка­де до три­е­сет­ти­от ме­сец на де­те­то. Пр­ви­те трај­ни за­би се по­ја­ву­ва­ат око­лу ше­ста­та го­ди­на и тоа се или дол­ни­те цен­трал­ни ин­ци­зи­ви, или пр­ви­те трај­ни мо­ла­ри, од­нос­но „шес­тки“. По­тоа се по­ја­ву­ва­ат гор­ни­те ин­ци­зи­ви, па во ос­ма­та го­ди­на пре­мо­ла­ри­те. Вто­ри­от тра­ен мо­лар и ка­ни­ни­те ник­ну­ва­ат пос­лед­ни, ме­ѓу 11 и 13 го­ди­на. „Ум­ни­ци­те“, од­нос­но тре­ти­те мо­ла­ри се ја­ву­ва­ат пос­лед­ни, по 16 го­ди­на, но че­сто и не­до­сти­га­ат или оста­ну­ва­ат „за­ро­бе­ни“ во ви­ли­ца­та, со­стој­ба на­ре­че­на им­пак­ци­ја.

 

Ко­ја е раз­ли­ка­та ме­ѓу млеч­ни­те и трај­ни­те за­би?

ДИ­МИТ­РОВ­СКА: Раз­ли­ка­та ме­ѓу млеч­ни­те и трај­ни­те за­би пред сè е во вре­ме на нив­но­то ник­ну­ва­ње, во го­ле­ми­на­та, об­ли­кот, бо­ја­та и во де­бе­ли­на­та на заб­ни­те тки­ва. Млеч­ни­те за­би поч­ну­ва­ат со ник­ну­ва­ње во те­кот на пр­ва­та го­ди­на и до две и пол го­ди­ни де­те­то ги има си­те млеч­ни за­би. Трај­ни­те за­би поч­ну­ва­ат да ник­ну­ва­ат во ше­ста­та го­ди­на и со ник­ну­ва­ње­то на ум­ни­ци­те, око­лу 18 го­ди­ни, се фор­ми­ра трај­на­та ден­ти­ци­ја. По пра­ви­ло, млеч­ни­те за­би се по­ма­ли од трај­ни­те, со по­ма­ла ко­рон­ка, а бо­ја­та им е по­бе­ла од таа на трај­ни­те за­би. Де­бе­ли­на­та на гле­ѓта и ден­ти­нот кај млеч­ни­те за­би е зна­чи­тел­но по­ма­ла откол­ку кај трај­ни­те. Ко­ре­ни­те на млеч­ни­те за­би во од­нос на ко­рон­ка­та се зна­чи­тел­но по­дол­ги откол­ку кај трај­ни­те за­би. Млеч­ни­те за­би по­бр­зо се тро­шат – абра­ди­ра­ат. На­кра­тко, фор­ма­та и го­ле­ми­на­та на млеч­ни­те за­би од­го­ва­ра сраз­мер­но на го­ле­ми­на­та на де­те­то, сог­лас­но со не­го­ва­та во­зраст.

dr-Irena-Dimitrovska-zdr156-3

Што мо­жат да сто­рат ро­ди­те­ли­те за да не го бо­ли де­те­то неп­це­то при рас­те­ње­то на за­би­те?

ДИ­МИТ­РОВ­СКА: Она што ро­ди­те­ли­те мо­жат да го на­пра­ват во пер­и­о­дот на ник­ну­ва­ње на млеч­ни­те за­би е бла­га ма­са­жа на неп­це­то, да ку­пат цвр­сти гриц­кал­ки со кои де­те­то ќе го трие неп­це­то, ако се по­ја­ви алер­ги­ја, да го мач­ка­ат со не­у­трал­ни кре­ми, ка­ко на при­мер, „пав­ло­ви­ќе­ва маст“. За сми­ру­ва­ње на бол­ка­та на неп­це­то се пре­по­ра­чу­ва упо­тре­ба на ге­ло­ви, на при­мер „ден­ти­нокс“, кои се на ба­за на ане­сте­ти­ци. Нив­но­то дејс­тво е кра­тко­трај­но, па се пре­по­ра­чу­ва да не се пре­те­ру­ва со нив­на­та упо­тре­ба.

 

Ко­га прв­пат тре­ба да се по­се­ти сто­ма­то­лог и кол­ку че­сти тре­ба да би­дат тие по­се­ти?

ДИ­МИТ­РОВ­СКА: Пр­ва­та по­се­та на сто­ма­то­лог се пре­по­ра­чу­ва ко­га ќе ник­нат млеч­ни­те за­би на де­те­то и ко­га сè уште не се по­треб­ни ни­ка­кви сто­ма­то­ло­шки ин­тер­вен­ции, за­тоа што то­гаш по­се­та­та на сто­ма­то­лог де­те­то ќе ја до­жи­ве ка­ко по­зи­тив­но искус­тво, што е осо­бе­но важ­но за да се из­бег­не по­доц­неж­ни­от страв од сто­ма­то­лог. Пре­по­ра­чу­ва­ме кон­тро­ли­те да се пра­ват на се­кои шест ме­се­ци, освен ако сто­ма­то­ло­гот не утвр­ди по­и­на­ку.

 

Што им пред­ла­га­те на ро­ди­те­ли­те за да ги за­шти­тат де­ца­та од проб­ле­ми со за­би­те?

ДИ­МИТ­РОВ­СКА: За да ги за­шти­тат де­ца­та од проб­ле­ми со за­би­те по­треб­на е пр­во пра­вил­на здра­ва ис­хра­на, вне­су­ва­ње по­ве­ќе овош­је, зе­лен­чук, мле­ко и млеч­ни про­из­во­ди, а на­ма­ле­но вне­су­ва­ње ше­ќе­ри, сла­тки и на зас­ла­де­ни со­ко­ви, осо­бе­но на­ве­чер. По­треб­но е соз­да­ва­ње на­ви­ки за ре­дов­на хи­ги­е­на, ми­е­ње на за­би­те, на­у­тро и на­ве­чер пред лег­ну­ва­ње, усво­ју­ва­ње на пра­вил­на тех­ни­ка на че­тка­ње на за­би­те и ре­дов­на по­се­та на сто­ма­то­лог, кој ќе вли­јае еду­ка­тив­но, пре­вен­тив­но и ќе пре­зе­ме на­вре­ме­ни ин­тер­вен­ции, до­кол­ку е тоа по­треб­но.

dr-Irena-Dimitrovska-zdr156-4

Зо­што на не­кои де­чи­ња млеч­ни­те за­би им се цр­ни и што пред­ло­жу­ва­те за за­шти­та од та­ква­та со­стој­ба?

ДИ­МИТ­РОВ­СКА: Кај не­кои де­чи­ња за­би­те се цр­ни по­ра­ди тоа што има­ат цир­ку­ла­рен ка­ри­ес или та­ка­на­ре­чен „baby bottle tooth decay“ кој пак се ја­ву­ва ток­му по­ра­ди пре­ку­мер­но вне­су­ва­ње ше­ќе­ри (нај­че­сто со­ко­ви кои ги пи­јат на­ве­чер со ши­ше со цуц­ла). Пре­вен­ти­ва­та се од­не­су­ва на пра­вил­на­та ис­хра­на од­нос­но из­бег­ну­ва­ње на упо­тре­ба­та на со­ко­ви, осо­бе­но на­ве­чер пред спи­е­ње, да не му се доз­во­лу­ва на де­те­то да зас­пие на­ве­чер со цуц­ла­та во уста со ши­ше сок кој е пре­бо­гат со ше­ќер, ка­ко и ре­дов­на и пра­вил­на хи­ги­е­на на уста­та на де­те­то. Цир­ку­лар­ни­от ка­ри­ес мо­же да се отстрани ако на­вре­ме­но се по­се­ти сто­ма­то­лог. Уста­та и за­би­те прет­ста­ву­ва­ат пор­та за број­ни за­бо­лу­ва­ња на ор­га­низ­мот. От­ту­ка, здра­ви и уба­ви за­би, здра­ва уста и здра­ва нас­ме­вка се пре­дус­лов за до­бро оп­што здрав­је, ка­ко кај де­ца­та та­ка и кај во­зрас­ни­те.

 

Отко­га ќе ник­нат за­би­те, на­кра­тко, би мо­же­ле да ја об­јас­ни­ме по­тре­ба­та од дет­ска про­те­за, зо­што, ко­га и ка­де се при­ме­ну­ва?

ДИ­МИТ­РОВ­СКА: Кај нај­го­лем дел од де­ца­та од школ­ска и прет­школ­ска во­зраст се ја­ву­ва по­тре­ба од ор­то­донт­ска про­те­за. Ге­нет­ски­те пре­дис­по­зи­ции, ло­ши­те на­ви­ки ка­ко ци­ца­ње цуц­ла, ци­ца­ње прст, ќе­бе, гриц­ка­ње­то но­кти, ти­ска­ње на ја­зи­кот, ка­ко и не­пра­вил­ни­те функ­ции – не­пра­вил­но гол­та­ње, ка­ко и ди­ше­ње­то на уста се нај­че­сти­те при­чи­ни за по­ја­ва на ор­то­донт­ски ано­ма­лии кај де­ца­та. Нај­до­бро вре­ме за поч­ну­ва­ње со трет­ман е ток­му пер­и­о­дот на сме­на на млеч­на со трај­на ден­ти­ци­ја (ме­ѓу 6 и 8 го­ди­ни). Ова е и пер­и­од ко­га тре­ба да се по­се­ти ор­то­донт коj ќе ја утвр­ди по­тре­ба­та за но­се­ње на ор­то­донт­ско по­ма­га­ло и ќе да­де пра­ви­лен план за по­на­та­мош­на ор­то­донт­ска те­ра­пи­ја.

 

Разговараше: Александра М. Бундалевска
| Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Текст објавен во 156. број на неделникот „Република“, 28.08.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top