„Поради тоа што се почесто доаѓаат пациенти кои не ја одржуваат личната хигиена, се молат сите пациенти на својот закажан термин во ординацијата да дојдат чисти, искапени, со пријатен мирис и со чисти заби. Пациентите кои не го почитуваат горенаведеното, нема да бидат примени, туку ќе добијат нов термин!“
Ова предупредување е истакнато на вратата на стоматолошката ординација во Домот на здравјето во Осјек, а докторката Маја Шушњара објаснува дека била присилена да стави такво предупредување за одреден број пациенти кои не ја одржувале личната хигиена, пишуваат хрватските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.