| четврток, 6 декември 2018 |

Наумче Мојовски продолжува уште една година во Катар

naumce mojsovski

Македонскиот ракометен репрезентативец Наумче Мојовски откако последните шест месеци ги мина во катарскиот тим Лахвија, се одлучи уште една година да игра во богатата арепска држава, но во тимот на Ел Џаиш. Откако мина една сезона во Лахвија, тој настојуваше да се врати во Европа, меѓутоа сепак понудата од Ел Џаиш го премисли и тој повторно ќе замине во далечниот Катар. Раководството на Ел Џаиш сакаше да доведе неколку нови засилувања за претстојните купови, а и Наумче Мојсовски е еден од играчите што треба да го подигнат нивото на квалитетот во тимот.

– Ќе играм повторно во Катар. Добив добра понуда од Ел Џаиш, кој прави нов тим. Засега тренирам со Работнички, а на крајот од месецот ќе заминам во Катар – изјави Наумче Мојовски за црногорските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top