| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ има урнебесен рецепт: Победа во една изборна единица со 200.000 гласови во минус?!

По утро­то де­нот се поз­на­ва, а лаж­на­та еу­фо­ри­ја по ин­стин­ктив­на­та, искре­на ре­ак­ци­ја на тво­ре­цот. Ко­га без раз­мис­лу­ва­ње од­би­ва­те - оној што ќе по­бе­ди, а тоа де­мек сте вие, да до­бие по­ве­ќе, ед­но­став­но, си приз­на­ва­те. Ви тре­ба не­ка­ков им­пулс, па зап­ну­ва­те ка­ко ма­га­ре за стап за ед­на из­бор­на еди­ни­ца. Не­ба­ре има­ме ме­мо­ри­ја на злат­на рип­ка. Па СДСМ за­гу­би со 200.000 гла­со­ви на ни­во на др­жа­ва­та

„Упс! Ама не, не, не! Не сме се раз­бра­ле, ама ич! Ние ни­ко­гаш не сме твр­де­ле де­ка ќе по­бе­ди­ме, не сме ни по­мис­ли­ле на тоа! Ка­кви по­бед­ни­ци бре! Ма глу­по­сти!“ – ва­ка ше­го­биј­но би зву­чел од­го­во­рот во тет а тет ко­му­ни­ка­ци­ја­та на „спа­си­те­лот“ од Мур­ти­но на по­ну­да­та на пре­ми­е­рот за из­бо­рен бо­нус од 17 пра­те­ни­ци за пар­ти­ја­та ко­ја ќе по­бе­ди на из­бо­ри­те. А по­тоа молк. Кал­ма. Се оби­доа со ве­се­ла ма­те­ма­ти­ка да си игра­ат ше­рет и да ја из­вр­тат при­каз­на­та, но ста­на очиг­лед­но оти не­кој се­ри­оз­но за­бо­шо­ту­вал на ча­со­ви. Си мо­же­ле де – ма­ма ди­ре­ктор, та­то во пар­ти­ја… За жал, вре­ми­ња­та се сме­ни­ја, а па­те­тич­ни­те бур­ле­ски на твор­ци­те на не­воз­мож­но­то за­вр­ши­ја со гро­мог­ла­сен потс­мев. За­не­ми и За­ев, кој утре­ден­та слу­чај­но „за­бо­ра­ви“ на бо­ну­сот. Го изу­ми, не­ли. Се на­со­чи са­мо кон единс­тве­на­та ра­бот­на за­да­ча, за­да­де­на од мис­ли­те­ли­те на СДСМ, фа­моз­на­та ед­на из­бор­на еди­ни­ца. Ете ја при­чи­на­та зо­што гу­бе­ле че­ти­ри­па­ти по ред! Ве­лат, ед­на из­бор­на еди­ни­ца ќе им до­не­се по­бе­да, но ве­ро­јат­но са­мо до­кол­ку е ком­би­ни­ра­на со За­кон кој ќе ги по­ни­шти гла­со­ви­те да­де­ни за ВМРО-ДПМНЕ. Со по­ни­шту­ва­ње­то, пак, да ра­ко­во­ди нов, најс­пе­ци­ја­лен об­ви­ни­тел, пос­пе­ци­ја­лен здрав­је. Из­бран ди­рект­но од ли­дер­ски­от дво­ец на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те. Ова би би­ла но­ва­та ини­ци­ја­ти­ва, из­ле­зе­на од не­пре­суш­на­та риз­ни­ца на исти­те опо­зи­ци­ски иде­о­ло­зи кои не­ма­ат по­им од ма­те­ма­ти­ка. За жал, „би­стри­те“ твор­ци на опо­зи­ци­ска­та та­кти­ка во­оп­што и не сфа­ти­ја де­ка по­ну­да­та бе­ше да­де­на ток­му со цел за да ги раз­о­ткрие пла­си­ра­ни­те ла­ги и да ја раз­го­ли лаж­на­та еу­фо­ри­ја. Од дру­га стра­на, и она­ка Ма­ке­до­ни­ја во нив­ни­те умо­ви е „че­тврт др­жа­ва“, нес­по­соб­на за ни­што, став кој нив­ни­те ме­ди­ум­ски ју­риш­ни­ци на­го­ле­мо го прок­ла­ми­ра­ат во кри­за­та со бе­гал­ци­те. Ло­гич­но­то пра­ша­ње би би­ло – зо­што не по­ба­ра­ат и др­жа­ва­та да ста­не че­тврт из­бор­на еди­ни­ца, ед­на е мно­гу. Или ос­мин­ка. Со или без јо­гурт…

analiza156-2

Два мотива за една изборна единица

Ба­ди­ја­ла им­пул­си­те. По­ну­да­та за из­бо­рен бо­нус ги ста­пи­са чле­но­ви­те на опо­зи­ци­ја­та. За­те­че­ни и збу­не­ти, ин­стин­ктив­но ја од­би­ја. Из­бр­заа и изу­ми­ја де­ка со бр­за­та ре­ак­ци­ја екс­прес­но го ур­наа и ми­тот за на­вод­на­та по­бе­да на из­бо­ри­те во 2016 го­ди­на, за чие еу­фо­рич­но ши­ре­ње тол­ку мно­гу се тру­деа со сво­и­те ме­ди­ум­ски ми­ле­ни­чи­ња. Им свет­на, па шан­са­та за ре­ха­би­ли­та­ци­ја ја по­ба­раа во ми­сти­фи­ка­ци­ја на важ­но­ста од фа­моз­на­та ед­на из­бор­на еди­ни­ца. Но, не за до­бро­то на СДСМ, ту­ку за што по­го­ле­ма бел­ја на ВМРО-ДПМНЕ. Ба­шка и на др­жа­ва­та. Цел­та е бри­ше­ње на ди­јас­по­ра­та, ко­ја во нив­на­та ма­те­ма­ти­ка зна­чи са­мо три пра­те­ни­ци по­мал­ку за про­тив­ни­кот. Ни­што по­ве­ќе, ни­ту по­мал­ку. Ка­ко лу­ѓе, Ма­ке­дон­ци кои ѝ тре­ба­ат на оваа др­жа­ва, де­фи­ни­тив­но не ги гле­да­ат. Ед­но­став­но, број­ки. Ако ги из­бри­шат, тие не­ма да има­ат по­ве­ќе пра­те­ни­ци, но Гру­ев­ски ќе имал по­мал­ку. Вр­ски­те со та­тко­ви­на­та, по­вр­за­но­ста на се­мејс­тва­та, при­чи­на­та да се ин­те­ре­си­ра­ат уште по­ве­ќе за род­на­та зем­ја, па и фи­нан­си­и­те до­би­е­ни од стра­на, не се бит­ни. Сè во кон­текст на онаа ста­ра­та „Да му умре ко­за­та на ком­ши­ја­та“. Неј­се што ова зна­чи и по­мал­ку Ма­ке­дон­ци во За­ко­но­дав­ни­от дом. Ста­ра­та ви­сти­на за но­ва­та ла­га, из­вр­ту­ва­ње­то или во овој слу­чај, де­фо­ку­сот, е де­ка ко­га не­ма­те што да по­ну­ди­те, а гле­да­те оти си­гур­но ќе из­гу­би­те, се фа­ќа­те ка­ко слеп за стап за ед­на глу­пост и од неа соз­да­ва­те мит. Не­ба­ре, ако има ед­на из­бор­на еди­ни­ца, тие ќе по­бе­де­ле. Ете ка­де се кри­ел за­ја­кот за си­те овие по­ра­зи! Глав­ни­от проб­лем и ви­сти­на­та за че­ти­ри­те по ред из­гу­бе­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри ле­жел во тој пуст, про­пор­ци­о­на­лен мо­дел во де­вет­те из­бор­ни еди­ни­ци (шест во Ма­ке­до­ни­ја и три во све­тот на пос­лед­ни­те два из­бо­ра). А ток­му со овој мо­дел (то­гаш беа шест ИЕ) ја из­во­ју­ваа и пос­лед­на­та по­бе­да во 2002 го­ди­на. То­гаш, СДСМ не­ма­ше ни­ка­ков проб­лем со исти­от. Проб­ле­мот, кој се гле­да од ави­он за се­кој кој има мал­ку па­мет, е во три­те пра­те­нич­ки ме­ста за ди­јас­по­ра­та и ток­му тие три из­бор­ни еди­ни­ци. До кон­ста­та­ци­ја­та де­ка из­бор­ни­от мо­дел не чи­нел, пак, чле­но­ви­те на СДСМ дој­доа по са­мо 13 го­ди­ни и че­ти­ри пар­ла­мен­тар­ни фи­ја­ска. Се­га, екс­прес­но ка­ко и од­би­ва­ње­то на бо­ну­сот за по­бед­ни­кот, уви­доа де­ка со овој из­бо­рен си­стем се соз­да­ва­ле ап­со­лу­ти­стич­ки ре­жи­ми?! Не ка­жаа да­ли та­ков бил и нив­ни­от ре­жим од 2002 до 2006, ко­га дој­доа на власт со исти­от мо­дел и ко­га те­ри­то­ри­јал­но ја пре­кро­и­ја др­жа­ва­та, та­гу­вај­ќи де­ка не­кои пра­ша­ња не зас­лу­жу­ва­ле од­го­вор.

 

Ту­ѓи­на­та пуста да остане, сателитите не…

Цел­та, де­фи­ни­тив­но е ед­на и единс­тве­на ка­ко и нив­на­та иде­ја за из­бор­на­та еди­ни­ца. Се ви­ка власт, а се­га со­о­че­ни со јас­но­ти­ја­та на но­ви­от по­раз, се тру­дат да на­пра­ват пат за во ид­ни­на. Ка­ко и да е, би им од­го­ва­ра­ла што по­ма­ла по­бе­да на ВМРО-ДПМНЕ, ко­ја би отво­ри­ла про­стор за што по­те­шки пре­го­во­ри со ал­бан­ски­от парт­нер за вла­ди­на­та ко­а­ли­ци­ја. Неј­се што тоа ќе ù до­не­се ште­та на др­жа­ва­та. Во пра­ша­ње е не­о­до­ли­ва, пар­ти­ско-ге­нет­ска жел­ба за не­ста­бил­ност. Ста­бил­на вла­да без нив ни­ка­ко не им од­го­ва­ра. По­и­мот им пре­чел отсе­ко­гаш, осо­бе­но по­ра­ди фа­ктот што нив­ни­те до­а­ѓа­ња на власт се­ко­гаш би­ле по­вр­за­ни со кри­за. Зад ед­на­та из­бор­на еди­ни­ца се кри­јат два мо­мен­та – ди­стан­ци­ра­ње на не­по­доб­на­та ди­јас­по­ра и по­тре­ба­та од ма­ли­те пар­тии кои се­га тре­ба да оди­гра­ат за нив. Оние веч­ни са­те­ли­ти, кои се­ко­гаш се пи­ка­ат со го­ле­ми­те пар­тии за да дој­дат на власт, а кои се­га ис­пад­наа по­ни­же­ни и оште­те­ни?! За­тоа, де­мо­кра­ти­те од СДСМ, свес­ни де­ка не­ма­ат што да им по­ну­дат на гра­ѓа­ни­те кои се над­вор од ма­тич­на­та зем­ја, слич­но ка­ко и на оста­на­ти­те кои сè уште се ов­де, гле­да­ат са­мо да на­пра­ват што по­го­ле­ма ште­та. Не­ба­ре во ед­на из­бор­на еди­ни­ца се по­бе­ду­ва и со 200.000 гла­со­ви во ми­нус?! Те­шко… А за од­го­вор на по­ну­да­та на Гру­ев­ски за т.н. из­бо­рен бо­нус од 17 пра­те­ни­ци им тре­баа це­ли час и по­ло­ви­на. Прем­но­гу вре­ме за ед­на тол­ку се­ри­оз­на пар­ти­ја. Се­то тоа се слу­чу­ва­ше во ед­но топ­ло, не­дел­но поп­лад­не. По­не­дел­нич­ки, бе­страш­ни­от ли­дер це­лос­но за­бо­ра­ви и да ја спо­ме­не по­ну­да­та што екс­прес­но ја од­би. Исти­от ден, ко­га Гру­ев­ски во Те­тов­ско изра­зи сил­но чу­де­ње од бр­зи­на­та со ко­ја ја од­би­ја, За­ев во­оп­што и не ја спо­ме­на во Пех­че­во. Има­ше за­да­ча да ја рек­ла­ми­ра ед­на­та из­бор­на еди­ни­ца. Од неа не се пла­ше­ле чес­ни по­ли­ти­ча­ри, ре­че За­ев и ин­стин­ктив­но, нер­воз­но се стре­се. По­ра­ка­та дој­де од ли­де­рот ам­не­сти­ран за кри­ми­нал од осум ми­ли­о­ни евра, за ко­го во мо­мен­тот се во­ди еден слу­чај за ми­то од 200.000 евра во Стру­ми­ца и на по­ви­док е уште еден, за „са­мо“ 39.000 ми­то во Штип. Зго­ра на тоа и уце­ну­ва­ње­то со не­за­кон­ски сним­ки во слу­ча­јот Пуч. Се­га спа­си­те­лот го ви­де спа­сот во ед­на из­бор­на еди­ни­ца?! Мно­зин­ски­от си­стем, исто та­ка, не чи­нел, ре­коа „де­мо­кра­ти­те“ кои ди­рект­но за­ста­наа про­тив по­тен­ци­ра­ње­то на лич­но­ста нас­пре­ма пар­ти­ја­та, еден од ос­нов­ни­те бе­ле­зи на овој си­стем. Исти­те оние по­ра­ди кои на лан­ски­те из­бо­ри гра­ѓа­ни­те до­би­ја син па­лец, ама де­мо­крат­ски. И се­то тоа од пу­ста жел­ба, Ма­ке­до­ни­ја да се обои во си­но. Пар­ти­ски, не­ли. Ма­кар на па­ле­цот. Тоа им ус­пеа. На­та­мош­но­то бо­е­ње на гра­ѓанс­тво­то им го по­пре­чу­вал из­бор­ни­от мо­дел. Прет­ход­но бе­ше не­о­бе­ле­жа­ни­от па­лец, прет­ход­но со­ста­вот на ДИК. А ре­ал­но, да, се­ко­гаш е до на­ро­дот…

analiza156-3

СДСМ по стапките на ПДП

СДСМ по­вто­ру­ва ед­на ста­ра игра. Ал­бан­ска. Во март во 2006 го­ди­на, со ба­ра­ње за ед­на из­бор­на еди­ни­ца из­ле­зе то­гаш сè уште вид­ли­ва­та ПДП. ВМРО-ДПМНЕ, пак, на исто­то ба­ра­ње на ПДП, то­гаш и ка­ко опо­зи­ци­ја, од­го­во­ри со иден­тич­ни­от пред­лог ка­ко и се­га – вра­ќа­ње на мно­зин­ски­от мо­дел. СДСМ, тие пос­лед­ни ме­се­ци на власт од 2006 го­ди­на, ед­но­став­но вра­ќа­ше оти про­пор­ци­о­нал­ни­от мо­дел со за­тво­ре­ни ли­сти е до­ка­жа­но нај­до­бар, про­из­ле­зен од искус­тво­то во ми­на­то­то. Па во 2002 го­ди­на по­бе­ди со не­го. Зас­па­ни и то­гаш спо­кој­но уве­ре­ни во дол­го вла­де­е­ње, со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те ед­но­став­но, ужи­ваа во ре­ал­ни­те по­год­но­сти на се­гаш­ни­от из­бо­рен мо­дел. За нив­на жал, во 2006 го­ди­на не­ма­ше кри­за. За­гу­би­ја. Ло­гич­но­то пра­ша­ње е да­ли пар­ти­ја­та, ко­ја се­га го по­ста­ву­ва исто­то не­ар­гу­мен­ти­ра­но ба­ра­ње, по ана­ло­ги­ја ја оче­ку­ва иста­та суд­би­на ка­ко и прет­ход­ни­от ба­ра­тел на исто­то?

 

Ivanka-Dodovska-200Додовска: СДСМ цврсто чекори по стапките на ПАСОК

Спо­ред доц. д-р Иван­ка До­дов­ска од Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је, екс­прес­но­то од­би­ва­ње на СДСМ на по­ну­да­та на ВМРО-ДПМНЕ е са­мо по­твр­да на фа­ктот де­ка, ко­неч­но, со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те се свес­ни за из­бор­ни­от ре­зул­тат во април 2016 го­ди­на, а тоа зна­чи са­мо би­тка ко­ја би мо­же­ла да до­ве­де до што по­под­нос­лив по­раз за нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја.

ДОДОВСКА: Име­но, се­ко­ја по­ли­тич­ка пар­ти­ја ко­ја оди на из­бо­ри, по­себ­но пар­ла­мен­тар­ни, и е убе­де­на во сво­ја­та спо­соб­ност, ка­па­ци­тет и во иде­ја­та де­ка ќе по­бе­ди на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри, пред­ло­гот по­крај осво­е­ни­те по­бед­нич­ки пар­ла­мен­тар­ни ман­да­ти да до­бие уште плус се­дум­на­е­сет, би го при­фа­ти­ла без ни­ка­ква за­др­шка. Ва­ков пред­лог од­би­ва са­мо по­ли­тич­ка пар­ти­ја ко­ја е свес­на де­ка ќе ги из­гу­би из­бо­ри­те, а тоа во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е СДСМ.

Во вр­ска со ба­ра­ња­та за ед­на из­бор­на еди­ни­ца, спо­ред До­дов­ска, ста­вот на СДСМ мо­же­ме да го по­ста­ви­ме на не­кол­ку по­зи­ции.

ДОДОВСКА: Пр­во, се­ко­гаш да се оди про­тив она што е став на ВМРО-ДПМНЕ, иа­ко са­мо пред мал­ку по­ве­ќе од ед­на го­ди­на по исто­во пра­ша­ње СДСМ има­ше ди­ја­ме­трал­но спро­ти­вен став, т.е. беа про­тив тоа РМ да би­де ед­на из­бор­на еди­ни­ца и вто­ро, СДСМ се оби­ду­ва да се дод­во­ри кон по­ма­ли­те по­ли­тич­ки пар­тии де­ка со из­бо­рен мо­дел од ед­на из­бор­на еди­ни­ца тие ќе ус­пе­ат да дој­дат до еден или до два пра­те­нич­ки ман­да­ти. Тоа во исто вре­ме зна­чи де­ка би прет­ста­ву­ва­ло трик мо­ти­ва­ци­ја и за по­ма­ли­те по­ли­тич­ки пар­тии кои се дел од ко­а­ли­ци­ски­те бло­ко­ви исти­те да ги на­пу­штат и да на­ста­пат са­мо­стој­но. Ре­зул­та­тот ќе би­де по­твр­да за уште еден пар­ла­мен­та­рен по­раз за со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те ка­ко и це­лос­но за­ми­ра­ње во нај­го­лем број на ма­ли­те по­ли­тич­ки пар­тии.

По­мал­ку чуд­но за ед­на тол­ку „де­мо­крат­ска“ пар­ти­ја, но тие се про­ти­ват на мно­зин­ски­от мо­дел кој ја по­тен­ци­ра лич­но­ста, а не пар­ти­ја­та?!

ДОДОВСКА: Овој став на СДСМ е са­мо уште ед­на коц­ка плус во мо­за­и­кот де­ка е си­гу­рен гу­бит­ник на след­ни­те из­бо­ри. Да­ли ма­те­ма­ти­ка­та на СДСМ го­во­ри де­ка при­фа­ќа­ње­то на ва­кви­от из­бо­рен мо­дел кој го пред­ла­га ВМРО-ДПМНЕ зна­чи де­ка ќе има­ме ре­зул­тат во сраз­мер­ност на пос­лед­ни­те ло­кал­ни из­бо­ри по бро­јот на осво­е­ни гла­со­ви спо­ре­де­но со бро­јот на осво­е­ни­те гра­до­на­чал­нич­ки ме­ста!?

Пра­ша­на око­лу игра­та на СДСМ, ко­пи­ра­на од ПДП во 2006 го­ди­на и да­ли ја че­ка нив­на­та суд­би­на, До­дов­ска е уве­ре­на де­ка пар­ти­ја­та цвр­сто че­ко­ри по стап­ки­те на грч­ки­от ПАСОК – од вла­де­јач­ка до­ми­нант­на пар­ти­ја на по­ли­тич­ка­та сце­на кај јуж­ни­от со­сед са­мо за два до три пар­ла­мен­тар­ни цик­лу­си дој­доа на пет­то ме­сто со ед­вај по­ми­нат цен­зус за влез во пар­ла­мен­тот на пос­лед­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри во Гр­ци­ја.

ДОДОВСКА: Мо­же­би СДСМ и не­ма да за­мре, но со тра­е­кто­ри­ја­та со ко­ја се дви­жи, до­кол­ку не на­пра­ви про­ме­ни во сво­јот при­стап, пред сè кон др­жав­ни­те и кон на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си ќе би­де по­ли­тич­ка пар­ти­ја ко­ја мо­же­би во ид­ни­на не­кој ќе ја по­ка­ни да би­де по­мал ко­а­ли­ци­ски парт­нер.

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 156. број на неделникот „Република“, 28.08.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top