| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе има корзо во Ѓорче Петров

sokol

Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на општината, Сокол Митровски, вчера најави доизградба на градскиот парк во општината и обновување на шеталиштето кое, како што рече, некогаш било препознатлив имиџ за оваа населба.
За оваа цел тој најави распишување конкурс за идејно решение, а рокот за реализација на проектот ќе биде во времетрање од две години.
– Од разговорите со младите ни беше напоменато дека е потребно да се отворат кафулиња, ресторани и други забавни содржини за да заживее како во минатото овој дел – рече Митровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top