| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за кочанец за фалсификување пари

евра

Националната канцеларија за кривични работи Кочани поднесе кривична пријава против кочанецот М.Д.(59) поради постоење сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување пари“.

– Пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист набавил шест фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра и на 13 јули годинава во банка во Кочани заедно со оригинални банкноти ги пуштил во оптек шестте фалсификувани банкноти со уплаќање на неговата девизна сметка – соопшти полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top