| четврток, 6 декември 2018 |

„Дневник“: Плусинфо на Героски како Пинокио

ВМРО-ДПМНЕ имала рејтинг од 19 отсто, а СДСМ 16 отсто. Разликата меѓу двете партии, која во јуни изнесуваше 12 отсто во полза на владејачката партија, сега се намалила на три отсто. Така објави многу професионалниот „Плусинфо“ на Бранко Героски, пишува „Дневник“.

 

plusinfo-dnevnikkСе повика на некојси интернет-портал „Факте.нет“, кој, пак, информацијата ја пласира како анкета на американскиот ИРИ. За волја на вистината, интернет-порталот на Героски наведе дека не можело многу да се провери веродостојноста на „Факте.нет“, ама божемната анкета на ИРИ, сепак, ја пушти. Толку за професионалноста на типот што вчера нешто попуваше за „Дневник“ и менаџментот на МПМ. Kако и да е, ИРИ за кратко време реагира, кажаа луѓето дека веста е лажна, очигледно имало и влечење за уши, па „Плусинфо“ ја повлече информацијата. Не постои. Kако беше тоа? Час гледаш час не гледаш! На „Факте.нет“, кој патем е интернет-портал на албански јазик, информацијата остана. Инаку, „Факте.нет“ постои од пред само 20 дена, а проверката за овој портал може да се направи само за половина час така што со малку труд и без тенденциозност ќе биде јасно дека информацијата за наводната анкета на ИРИ, според која разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е само три отсто, не вреди повеќе од пет пари. Веб-порталот „Факте.нет“ во главниот јавен регистер е регистриран на 14 август 2015 година од фирмата „Солит“. Се наоѓа во Македонија и може да се контактира на примарната ИП-адреса „Факте.нет 107.151.6.162, објавува дневниот весник.

plusinfo-geroskii

Kако лице за контакт е посочен Арменд Исени, а кога редакцијата на „Дневник“ се јави кај него, одговори дека тој е само администратор на порталот и дека ќе ги информира лицата што стојат зад него за да ни се јават. Kои се тие, не ни кажа, а се разбира, подоцна никој не се јави повратно.

-Ете од ваков веб-портал беше пласирана лага на која се налепи нашиот славен професионалец. Толку и за него, ама кутриот, мора со нешто да се занимава. Kога не знае со што, тогаш со лажење. Kако, на пример, пред извесно време, можеби еден месец, кога во неговиот весник беше објавено дека просечната плата во РМ е некаде околу 230 евра. А со два клика, не повеќе, ќе дознаеш дали е толку или не – пишува „Дневник“.

Целиот текст прочитајте го на Дневник

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top